Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ доби топка од судијата, па им одржа лекција на играчите на Голден Стејт (Видео)

Објавено

на

Никола Јокиќ забележа историски трипл-дабл во неделата вечерта, но неполни 24 часа подоцна, забележа нова брилијантна партија во НБА лигата и само уште еднаш покажа зошто е еден од главните фаворити за МВП признанието.

Србинот ја продлабочи кризата на Голден Стејт кој беше и значително ослабен, но тоа не ја намалува заслугата на Јокиќ кој заврши уште еден меч со двоцифрени бројки во сите три најважни статистички категории.

Центарот на Денвер заврши со 32 поени, 15 скокови и 13 асистенции, учинок кој ги водеше Нагетси до нова победа на домашен терен, овојпат против „воините“ со 131:124.

Јокиќ прикажа голем дел од својот раскошен и разновиден кошаркарско репертоар, но посебно брилјираше со едно додавање од аут со кое го фати на спиење цел тим на Голден Стејт.

За Денвер ова беше третат победа во низа и тоа значи потврда на шестата позиција, додека Голден Стејт и дефинитивно влезе во резултатска криза и го претрпе петтиот пораз во серија.

НБА резултати:
Детроит – Атланта 113:110
Филаделфија – Чикаго 121:106
Мајами – Хјустон 123:106
Минесота – Портланд 124:81
Далас – Јута 111:103
Сан Антонио – Л.А. Лејкерс 117:110
Денвер – Голден Стејт 131:124
Сакраменто – Њујорк 115:131

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни