Поврзете се со нас

Италија

Извршниот директор на Фиорентина за Влаховќ: Нема понуда од Јувентус, има преговори со англиски клубови

Објавено

на

Извршниот директор на Фиорентина, Џо Бароне истакна дека во моментов не се водат преговори со Јувентус за трансферот на Душан Влаховиќ во Торино.

Италијанските медиуми излегоа со информација дека Јувентус се согласил во Фиорентина да го испрати Дејан Кулушевски, а за возврат да ги добие услугите на Душан Влаховиќ, но според Бароне засега нема официјална понуда од Торино.

Бароне истакна дека единствено се водат преговори со неколку англиски тимови, а јасно е дека во моментов Арсенал е најзагреан за ангажман на српскиот напаѓач.

– Немаме добиено понуда од Јувентус за Душан. Има преговори со англиски клубови, но за целосни преговори треба да бидат вклучени три страни,не две.

– Зборував со Душан минатата недела, нема одговори за неговата иднина. Нема одговори ни од неговиот агент, -изјави Бароне.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни