Поврзете се со нас

АТП

Ивановски не успеа да ја мине првата пречка во двојки на Вимблдон

Објавено

на

Талентираниот македонски тенисер, Калин Ивановски не успеа да ја мине првата пречка во двојки кај јуниорите на Вимблдон.

Нашиот рекет играше во комбинација со Хрватот, Мили Полјичак, меѓутоа балканската двојка не најде решение за Даниел Ринкон и Абедалах Шелбах. Ринкон и Шелбах славеа со 2-0 во сетови и тоа двапати со идентични 6-4.

Сега за Калин останува настапот во сингл каде во новата рунда за ривал го има Литванецот, Едас Бутвилас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни