Поврзете се со нас

Италија

Интер го откупи договорот на Ачерби, сега мерка бразилски бек

Објавено

на

Европскиот вицешампион, Интер ја искористи опцијата и го оркупи договорот на дефанзивецот Франческо Ачерби.

Тој минатава сезона ја мина на позајмица од Лацио, па иако на стартот имаше многу коментари околу неговиот ангажман како што одминуваше времето Италијанецот беше се подобар и подобар и се „забетонира“ во првата постава на „нероаѕурите“.

Од Интер се надевале дека ќе добијат попуст од лацијалите за сумата од 4 милиони евра, но откако им станало јасно дека тоа не може да се случи тие ја затвориле зделката користејќи ги парите од продажбата на Лоренцо Пирола од Салернитана.

Сега дефанзивецот е врзан со Интер до 2025 година.

Кога е во прашање клубот од Милано, тие сакаат да го доведат во своте редови 24-годишниот Калос Агусто од Монца. Тој имаше квалитетна прва сезона во Серија А, даде 6 гола и 5 асистенции на 35 натпревари и со тоа го привлече вниманието на италијанскиот великан кој сепак прво ќе мора да се ослободи од Робин Госенс за да дојде до посакуваната цел.

Во целата операција може да биде вклучен Стефано Сенси кој претходнава кампања ја мина на позајмица токму во тимот на Берлускони и Галијани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни