Поврзете се со нас

Свет

Иниеста отворено проговори за борбата со депресијата: Ја прегрнувам сопругата, а ми се чини…

Објавено

на

Андрес Иниеста е еден од златните момци на шпанскиот фудбал, човек кој беше дел од најголемите успеси на Барселона во овој век, човек кој со националниот тим ги освои најважните пехари како на европско така и на светско ниво.

Шпанецот се уште е активен и го носи дресот на Висел Кобе во Јапонија, односно води помирен, поспокоен живот кој едноставно во овој момент во одговара. Токму Дон Адрес се одлучи да проговори за нефудбалска тема, односно обелодени дека одредени време бил во депресија и обелодени како се чувствувал во тие мигови од животното патување.

-Решив да зборувам за моето ментално здравје и за мојата борба против депресијата. Знам дека сум јавна личност, но морав некои работи да ги кажам такви какви што се. Никогаш не размислував дали некој ќе ме нарече луд или слаб.

-Кога се борев со депресија, најдобриот дел од денот ми беше кога земав апче и одев да спијам. Во депресија ја губите животната радост. Легнувам во кревет, ја прегрнувам сопругата и ми се чини како да гушкам перница. Не чувствував ништо. Сè уште одам на терапија бидејќи треба да бидам во мир со себе, -вели Иниеста и додава:

-На крајот, животот ве учи дека депресијата и менталното здравје можат да влијаат на секого. Не се работи за материјални работи. Можев да ги имам сите автомобили на светот и се што сакам, но ми беше тешко да се соочам со животните проблеми. Мора да го тренирате мозокот, тоа е најважно, -порача легендата на Барселона кој се надева дека со ова ќе им помогне на луѓето кои имаа проблеми со менталното здравје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни