Поврзете се со нас

Свет

Инфантино најави промени во форматот на Светското клупско првенство

Објавено

на

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, денеска покрај за евентуалните промени во однос на организацијата на Светските првенства, зборувал и за новиот формат на Светското клупско првенство.

Соочувањето на победниците на континенталните натпреварувања секоја година е во организација на ФИФА, актуелниот формат е напредок во однос на Интерконтиненталниот куп кој беше само еден натпревар, но светската фудбалска централа бара нова еволуција.

Идејата на ФИФА и Инфантино е на Светското клупско првенство да учествуваат победниците и на натпреварувања како Лигата на шампионите и Копа Либертадорес, но и национални шампиони на повеќе зејми каде се игра најквалитетен фудбал.

– Интерконтиненталниот куп има големо значење за фудбалската историја, но сега не е само поврзан со Европа и Јужна Америка.

– Она што треба да го направиме е вистинско Светско клупско првенство, со учество на неколку национални шампиони, а не само на победниците во најелитните купови. Замислете покрај победникот на Либертадорес, да учествуваат и шампионите на Аргентина, Бразил и Уругвај, изјавил денеска Инфантино во Буенос Аирес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни