Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Играч на Реал го прекина интервјуто на Милер, ветеранот со порака во негов стил: Сака да ја слушне тактиката за реваншот (ВИДЕО)

Објавено

на

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа интересен натпревар кој заврши со по два гола во мрежите на Нојер и Лунин што значи ќе не очекува возбудлив реванш во кој двете екипи ќе почнат од „нула“.

Баварците беа поконретни, ја имаа повеќе топката во своите нозе и сметаат дека можеле да се изборат за подобар резултат, меѓутоа тоа не го направија и ќе мора да жешкиот терен во Мадрид за се изборат за нешто повеќе и пласман во финалето на ЛШ.

Воедно ова за Томас Милер беше 150 меч во елитната конкуренција и токму тој се најде во фокусот на „Си-Би-Ес“ и даваше интервју кое во еден момент беше прекинато од Орелијан Чуамени кој нетрпеливо чекаше да дојде неговито ред.

Германецот тоа го забележа и во свој стил се пошегува.

-Чуамени ја прислушкува тактиката за следниот натпревар. -рече Милер со што ги насмеа Абдо, Анри, Ричардс и Карагер кои беа во студиото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни