Поврзете се со нас

НБА

„ХБО“ снима серија за Лејкерс од 80-те години, оскаровец ја доби улогата на Пет Рајли

Објавено

на

Стриминг сервисот „ХБО“ ќе снима серија за Лос Анџелес Лејкерс од 80-те години на минатиот век, а оскаровецот Адриен Броди ќе ја игра улогата на легендарниот тренер Пет Рајли.

Како што објави „Варајити“, снимањето на серијата ќе започне наскоро и допрва ќе го добие своето име, а ќе ги следи случувањата околу Лејкерс, кои во таа деценија предводени од Рајли освоија четири НБА титули.

Покрај Броди, познати се и актерите кои ќе ги играат улогите на Џери Вест (Џејмс Кларк), Меџик Џонсон (Квинси Ајзеа), Карим Абдул-Џабар (Соломон Хјуз) и сопственикот Џери Бас (Џон Рајли), а серијата треба да биде емитувана во 2022 година.

„ХБО“ ја нарачал серијата уште пред две години, а откако сценариото е готово, наскоро ќе почне и нејзиното снимање.

Рајли ќе биде централна фигура поради својот препознатлив стил и харизматичност, како и тренерскиот квалитет кој го одведе до четири титули, а во серијата ќе бидат опфатени и голем број интересни детали кои не се познати на пошироката јавност.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни