Поврзете се со нас

Англија

Халанд со хет-трик за едно полувреме постави нов рекорд во Премиер лигата (Видео)

Објавено

на

Ерлинг Халанд постигна хет-трик до 38. минута на натпреварот меѓу Манчестер Сити и Нотингем Форест и постави нов премиерлигашки рекорд.

Норвежанецот реализираше три пати и стигна до вториот хет-трик во серија, односно до деветтиот гол сезонава.

Со тоа, напаѓачот на Сити стана прв фудбалер во лигата кој постигнал девет гола во првите пет кола и го собори досегашниот рекорд на Серхио Агуеро и Мик Квин.

Халанд ги постигна головите во 12, 23 и 38. минута од средбата на „Итихад“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни