Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола: Знам што ќе се случи ако мислиме на четвртфиналето

Објавено

на

Ова попладне во Нион беа извлечени четвртфиналните парови за новиот формат во Лигата на шампионите, натпреварување кое поради пандемијата со коронавирусот, ќе има необична фајнал-ејт завршница.

Поради вонредните услови, УЕФА денеска направи двојна ждрепка со која беа одредени и четвртфиналните и полуфиналните дуели, или поточно, беше одредено како ќе изгледа комплетниот костур во најелитното натпреварување од четвртфиналето до самото финале кое е закажано за во Лисабон.

Сепак, пред да започне фајнал-ејт турнирот, треба да се доиграат уште четири осминафинални дуели, од кои посебно внимание привлекува реваншот меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид.

„Граѓаните“ имаат предност од 1:2 по првиот дуел и возвраниот дуел ќе се игра во Манчестер, но Гвардиола денеска одби да ја прифати фаворитската улога и нагласи дека Сити никако не размислува за противникот во четврфиналето (подобриот од Лион-Јувентус).

– Прво мора да играме против Реал Мадрид. Ако веќе сме со мислите во следната рунда, знам што ќе се случи. „Кралевите“ на ова натпреварување ќе не исфрлат и ќе останеме без четврфинале. Никој во Манчестер Сити не го познава Реал Мадрид подобро од мене. Знам како треба да играме, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни