Поврзете се со нас

Свет

Гвардиола со своја теорија за најголемата лага во фудбалот: Постојано го повторував истото во Барса, Баерн и сега во Сити

Објавено

на

Интервјуто на Пеп Гвардиола за аргентинскиот весник „Оле“ и натаму е интересно за светската спортска јавност, од едноставна причина што шпанскиот стручњак излезе со една нестандардна теорија за еден од најкоментираните теми во фудбалот.

Менаџерот на Манчестер Сити смета дека најголема лага во фудбалот е искуството, односно теориите кои се потпираат на фактите дека искуството е пресудно на важни натпревари.

Коментирајќи го фантастичниот успех кој го направи младиот Лионел Скалони како тренер на Аргентина, Гвардиола се потсети и на своите почетоци, но даде и еден свој пример за искуството како не толку битен елемент на фудбалскиот терен.

– Искуството е најголемата лага во фудбалот. Секогаш сум им го велел тоа на моите играчи во Барселона, во Баерн Минхен и сега во Манчестер Сити. Секогаш сум им го повторувал финалето од 2005-та година.

– Милан водеше 3:0 на полувреме против Ливерпул, а Милан имаше неверојатен тим со искусни фудбалери како Кафу, Дида, Неста, Пирло, Малдини, Креспо, Инѕаги. На крајот загубија, фудбалот е страст, а не искуство. Сметам дека Скалони и Аимар немаат искуство, но вршат одличн работа, им го дадоа тоа што им беше потребно на фудбалерите. Разговорите за искуството за мене се најголема мистерија во фудбалот, – потенцира Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни