Поврзете се со нас

Балкан

Ѓорѓевиќ и официјално нов селектор на Кина

Објавено

на

Александар Ѓорѓевиќ се покажа како извонреден селектор водејќи ја својата Србија, но во иднина, ќе се испроба во улога на предводник на национална селекција која нема никаква допирна точка со европскиот менталитет.

Поранешниот српски селектор од денеска и официјално е нов тренер на кинеската кошаркарска репрезентација, а оваа вест ја пренесе неговиот претставник и познат агент, Мишко Ражнатовиќ.

Угледниот „Спорт Клуб“ уште пред неколку дена најави дека популарниот Сале е во завршни преговори со водечките луѓе на кинеската кошарка, но сега пристигна официјална потврда за соработката.

– Александар Ѓорѓевиќ, најуспешниот селектор во историјата на кошаркарската репрезентација на Србина е нов шеф на струќниот штаб на Кина, – објави Ражнатовиќ.

Сале ја водеше селекцијата на Србија од 2013-та до 2019-та година, период во кој „орлите“ освоија сребрен медал на Олимписките игри, но и на Светските и Европските првенства.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни