Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ искрено: Имам подобар однос со младите тенисери отколку со Федерер и Надал

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ го очекува битка со Тејлор Фриц во четвртфиналето на Австралија Опен, меѓутоа пред тој меч и тие возбудувања српскиот ас даде една интересна изјава поврзана со помладите колеги и неговите долгогодишни ривали Рожер Федерер и Рафаел Надал.

Ѓоковиќ низ годините водеше многу битки со Федерер и Надал со кои одбележа една ера за да тој сега продолжи да игра на високо ниво и се соочува со други предизвици, нова генерација/генерации.

Првиот светски рекет откри дека има подобар однос со младите тенисери отколку со Шпанецот и Швајцарецот.

-Прво би сакал да му се заблагодарам на Данил (Медведев) за убавите зборови. Пријатно ме изненади. Тој оваа приказна ја има кажано и порано, но навистина го ценам начинот на кој ја раскажа. Му благодарам што им го пренесе тоа на луѓето. И јас имам најдобро мислење за него како личност, колега, но и како еден од моите најголеми ривали во последните пет години. Знам дека тој е човек со вистински вредности и во право е кога вели дека огромното мнозинство играчи имаат добри односи со него. Го гледам тоа во соблекувалната, неговиот тим и тој се труди да има добра комуникација со сите.

-Не жалам што не ја завршив кариерата со Федерер или што го направив тоа со Надал. Тие се моите најголеми ривали кои некогаш сум ги имал. Особено Надал, тоа го имам кажано и претходно и никогаш нема да се смени. Таа количина на енергија потрошена на нашето ривалство сите овие години и колку пати сме играле еден против друг… Невозможно е нешто друго тоа да го надмине. Невозможно е да одиграм 60 натпревари со Алкарас. Тоа нема да биде возможно, бидејќи тој ќе ја заврши кариерата пред мене, ха-ха. Секако, хаха. Се шегувам, уживам во ривалства со сите тие момци и имаме навистина убав однос. Алкарас, Медведев, Синер, сите што се во врвот, Зверев, Циципас, со сите добро се разбирам. Ако го споредам односот што го имав со Федерер и Надал, со односот сега со помладите колеги, ова е многу подобар, поубав однос. Уживам. Врската е поотворена, покомуникативни се. Не знам, подобро се согласувам со нив, -подвлече првиот носител на Аустралијан Опен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни