Поврзете се со нас

Италија

Галијани и Марота хоспитализирани поради компликации со коронавирусот

Објавено

на

Коронавирусот им создаде посериозни здравствени проблеми на Адријано Галијани и Бепе Марота, па двајцата биле хоспитализирани за подобро да се следи нивната ситуација.

Марота кој е Извршен директор на Интер имаше позитивен тест на ковид-19 уште на 25. февруари, но од пред неколку дена бил префрлен на лекување во болница, како мерка на претпазливост и по совет на предводникот на медицинскиот тим на „нероаѕурите“.

Речиси истовремено, во болница завршил и Адријано Галијани, актуелниот директор на второлигашот Монца и најблизок фудбалски соработник на Силвио Берлускони.

Клубот ги информирал медиумите дека Галијани е во добра состојба и дека се работи само за дополнителна претпазливост и избегнување било каков ризик со неговото здравје.

Монца е пред враќање во Серија А, а тоа ќе значи и враќање на Галијани на големата сцена, каде со децении беше прв оперативец на Милан, кога „росонерите“ беа сопственост на Берлускони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни