Поврзете се со нас

Германија

Фелер ги прозва ѕвездите од репрезентацијата: Ви недостасуваат трите германски вредности!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FrenchTeam

Руди Фелер е голема германска фудбалска легенда и повозрасните фанови го паметат од играчките денови, но сега како директор на Германците доживува моменти кои воопшто не се пријатни за „панцирите“.

Германија изгледа непрепознатливо и бледо како никогаш претходно во својата фудбалска историја, за што потврда добивме и вчеравечер на натпреварот кој се одигра во Виена.

Позитивниот ефект „Јулијан Нагелсман“ траеше доста кратко и Германците претрпеа два порази во неколку дена, а по оној од Австрија со резултат 2:0, Фелер побара враќање на германските вредности.

Главниот проблем на Германија изгледа одбраната која прима по два гола на речиси секој натпревар, па Фелер ги прозва и репрезентативците за односот кој го имале на теренот на дуелите со Турција и Австрија.

– Не е важно дали играме во формација со тројца или четворица дефанзивци. Не е важно и дали Каи Хаверц игра како лев бек или напаѓач. Тоа е најмалку важно и најмал проблем. Мора да ги вратиме германските вредности по кои бевме препознатливи. Тоа се борбата, страста и динамиката! Тоа недостасуваше кај дел од играчите на последните два натпревари, – изјави директорот Фелер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни