Поврзете се со нас

Шпанија

Фати: Нема да лажам, очекував да играм повеќе во Барселона

Објавено

на

Младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати отворено призна дека очекувал да добие поголема шанса, минутажа од тренерот Чави Ернандес во актуелнава сезона.

Фати ја зема „десетката“ по заминувањето на Лионел Меси, но не ги оправда очекувањата, голем проблем беа повредите, ама сега е фит и секако се очекуваше многу повеќе. Меѓутоа конкуренцијата во Барселона е жестока, тука се Рафиња, Дембеле, Торес…па само петпати се најде во почетната постава.

-Јас нема да лажам. Да, точно е дека очекував дека повеќе ќе играм. Сакам да играм, но разбирам дека тренерот (Чави) е тој што одлучува и јас морам да давам се од себе секој ден за да можам тоа да го свртам, -истакна Ансу за „Мундо Депортиво“.

Напаѓачот беше дел од селекцијата на Шпанија на СП, но „црвената фурија“ го заврши настапот што значи дека Фати може да се фокусира на клупските предизвици со каталонците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни