Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер им ги продолжи договорите на Ојлески и Маркоски

Објавено

на

Еурофарм Пелистер не успеа да се закити со трофеј во сезоната и загуби на двата фронта против големиот ривал Вардар, но клубот од Битола почна да ги повлекува првите потези за новата сезона, а истите се однесуваат на играчите кои остануваат во тимот.

Пелистерци денеска ја известија македонската ракометна јавност дека им се продолжени договорите на Гоце Ојлески и Никола Марковски до јуни наредната година, па така играчите кои дојдоа од Одорхеи, односно Орошази ќе остана во Битола уште најмалку една сезона.

– Нашиот клуб од година во година расте и амбициите се поголеми. Пред неколку години игравме во пониската лига, сега настапувавме во Лига Европа и мислам дека успешно се претставивме.

– Нема тука да застанеме, амбициите за следната сезона се поголеми и се надевам дека ќе оствариме поголеми успеси.

– Не ја криеме амбицијата да ја донесеме титулата во Битола. Годинава не успеавме, но се надевам дека следната сезона со уште подобар тим, ќе го оствариме тој чекор, – изјави Ојлески.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни