Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ во елемент: 60 поени? Дајте ми пиво……. (Видео)

Објавено

на

Лука Дончиќ поставува нови граници во НБА лигата и бележи нови достигнувања, откако рано утрово постви свој личен, но и историски рекорд во најсилната кошаркарска лига во светот.

Словенецот беше креатор на нестварниот пресврт кој го режираше Далас против Њујорк, бидејќи мечот го заврши со страшни 60 поени, 21 скокови и 10 асистенции.

Лука постави личен рекорд по бројот на постигнати поени на еден НБА натпревар, но стана и првиот играч во историјата која забележал трипл-дабл учинок со 60 поени и најмалку 20 скокови.

Новинарот кој прв му пријде на Словенцеот беше воодушевен и импресиониран од партијата на Дончиќ, а интересно е тоа што и самиот Лука не знаеше колку поени постигнал против Њујорк.

– 60 поени? Изморен сум како куче, потребни ми е пиво за опоравување, – духовито порача Дончиќ.

Далас на 30 секунди пред крајот на регуларниот дел имаше негатива од 9 поени, но чудесно се врати благодарение на Лука и потоа во продолжението победи со 126:121.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни