Поврзете се со нас

Англија

Де Брујне одигра десетина минути, доволно за да го одведе Сити во полуфинале (Видео)

Објавено

на

Кевин де Брујне влезе во игра во 79. минута и беше најзаслужен што Манчестер Сити во финишот постигна два гола против Евертон и се пласираше во полуфиналето на англискиот ФА куп.

Сити и Евертон понудија премногу квалитетен натпревар исполнет со многу шанси, а Де Брујне видливо недостасуваше во гостинската екипа.

Тоа се промени во завршницата, кога најпрвин акцијата која од тргна од фаулираниот Де Брујне, продолжи со дадена предност од судијата Мајкл Оливер, а заврши со погодок со глава на Гундоган кој ја упати топката во мрежата откако таа претходно се одби од гредата.

Самиот Де Брујне стави точка на неизвесноста, кога во 88. минута ги постави конечните 0:2 и го потврди пласманот на Сити во следната рунда.

Претходно, полуфинале обезбеди и Саутемптон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни