Поврзете се со нас

Свет

Далиќ за „џокерот“ во победата над Холандија: Тој е играч за Реал и Барселона

Објавено

на

Селекцијата на Хрватска ја совлада Холандија и со тоа избори место во финалето на Лигата на нации.

Хрватите успеаа да слават на теренот на противникот и тоа по дополнитѕелните 30 минути во кои разликата ја направи соиграчот на Стефан Ристовски од Динамо Загреб, Бруно Петковиќ.

Петковиќ го зазема местото на Шутало, па во 98 минута мајсторски стрелаше за водство на „коцкестите“ од 3-2 за да потоа се избори за пенал кој го искористи Лука Модриќ за конечни 4-2. Ова негово издание донесе комплименти, а најголемите му ги даде селекторот Златко Далиќ кој порача:

-Ова не беше негов најдобар натпревар (за репрезентацијата), беше уште подобар против Унгарија и Словачка. Едноставно мора да биде посериозен на тренинзите отколку што беше претходно, има ниво кое е чудо. Тој е играч за Барселона и Реал кога е вистински, -порача Далиќ.

Бруно има 28 години, во досегашната кариера има настапувано за повеќе италијански клубови, но најдобрите негови партии беа или се во дресот на Динамо Загреб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни