Поврзете се со нас

Европски купови

Чешки ривал за ракометарките на Ѓорче Петров во Европскиот куп

Објавено

на

Foto: FB/Ѓорче Петров - ЖРК

Ракометарките на Ѓорче Петров денеска го добија следниот противник во Европскиот куп, а тоа ќе биде чешкиот тим Хазена Кинзварт.

Македонскиот претставник веќе стигна до осминафиналната фаза, но сега ќе има уште поголем предизвик во двомечот со ривалот од Чешка, кој влегува со идентични амбиции во овој дел од натпреварувањето.

Првиот натпревар ќе се игра на 13 или 14 јануари, 2024 година, а реваншот ќе се игра недела подоцна во Чешка.

Во претходните настапи, Ѓорче Петров ги елиминира екипите на Тивар и Ујпен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни