Поврзете се со нас

Англија

Челси не мислеше на проблемите и лесно се справи со Норвич, Њукасл продолжува да ниже победи (Видео)

Објавено

на

Екипата на Челси, очекувано, славеше на гостувањето на „Кероу Роуд“ кај тимот на Норвич со сигурни 3:1.

Избраниците на Томас Тухел и покрај проблемите кои ги имаат настанати по војната во Украина и замрзнувањето на сметките на Роман Абрамович, успеаја да слават победа против веќе отпишаниот Норвич  и да дојдат многу блиску до обезбедување на пласман во Лигата на шампионите.

Резултатот рано го отвори  Тревор Чалоба уште во 3. минута, а веќе во 14. минута Маунт зголеми на 2:0. Во вториот дел Норвич преку Пуки се врати во игра, но конечниот резултат го постави Хаверц.

Њукасл продолжува да ниже позитивни резултати и речиси сигурно си го обезбеди опстанокот во Премиер лигата откако денеска со 2:1 славеше против Саутемптон. Јануарските засилувања, Крис Вуд и Бруно Гимараеш со по еден гол беа творци на победата против „светците“.

Астон Вила ја продолжи агонијата на Лидс совладувајќи го со 3:0, додека убедлива победа славеше и Вулверхемптон кој со 4:0 го преслуша Вотфорд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни