Поврзете се со нас

Англија

Челси не доби чист пенал, па од клубот саркастично порачаа: Одлична одбрана на Соучек (Видео)

Објавено

на

Челси претрпе нов неуспех откако денеска не успеа да слави и против Вест Хем со кого на крајот ремизираше во доста возбудлив натпревар.

Сепак, „сините“ има за што да жалат и да бидат лути затоа што главниот судија на натпреварот, Крег Посон не им досуди чист пенал во завршницата од натпреварот.

Конор Галагер упати удар кон голот на Вест Хем, а на патот на топката се испречи Томас Соучек кој во голмански стил се фрли и со рака ја исфрли во корнер.

По прегледувањето на ВАР снимката беше одлучено да не биде доделен пенал за Челси, а од клубот веднаш со ироничен коментар се јавија на социјалните мрежи.

– Соучек со одлична одбрана по ударот на Галагер,- стоеше во кратката објава на Челси со која упатија ироничен коментар по одлуката на Посон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни