Поврзете се со нас

Шпанија

Чави за играчот кој доби жестоки критики по „Ел Класико“: Секогаш е исто…

Објавено

на

Екипата на Барселона нема по добро да ја памети минатата седмица во која прво не го победи Интер во Лигата на шампионите и сега е пред елиминација од оваа конкуренција за да потоа го загуби и големото дерби против Реал Мадрид во Примера.

Сето ова придонесе за големи критики за играчите, а меѓу оние кои беа најмногу прозвани е капитенот Серхио Бускетс особено за изданието на „Ел Класико“.

-Секогаш е исто, три или четворица играчи се потенцираат кога губите, ова е Барселона и тоа е нормално. Кога губиш сите сме изложени на критики. Ништо не е променото со Бускетс, се уште е важен, клучен.

-Ќе има натпревари на кои нема да игра. Ама Буси секогаш ги крева работите, тој е капитен и дел од машинеријата на тимот. Имаме многу здрава соблекувална. Работите на крајот ќе се средат  затоа што можам да видам како функционираат истите однатре, -порача тренерот Чави Ернандес кој исто така е многу критикуван.

Барса вечерва има шанса да се поправи на дуелот против Вилјареал на „Камп Ноу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни