Поврзете се со нас

Свет

Брутален сеир: „Елегантното движење“ на здебелениот Насри служи за потсмев на Твитер (Видео)

Објавено

на

„Натпреварот на хероите“ кој вчера се одигра на „Велодром“ привлече големо внимание поради хуманитарната цел и спектаклот кој го понудија огромен број на поранешни фудбалски ѕвезди, но ако фудбалски гледано Дидие Дрогба се најде во прв план, хит на социјалните мрежи стана Самир Насри, но поради една негативна страна.

Дрогба беше ѕвезда на вечерта во Марсеј и постигна хет-трик во победата на легендите на францускиот клуб од 7:4 против тимот на УНИЦЕФ, но сепак трите гола на напаѓачот и мајсторијата на Шејру останаа во сенка на изгледот на Насри.

Триесет и четиригодишниот Самир стави крај на играчката кариера пред три седмици, а фудбалските фанови можеа да се уверат зошто е тоа така, бидејќи на вчерашниот меч беше комплетно во аут и надвор од форма.

Насри за првпат се појави во јавноста и шокираше со огромниот вишок на килограми, но потоа наиде и на огромен сеир поради потегот со кој се „прослави“ на Твитер.

Сеирџиите на социјалните мрежи немаа милост кон поранешната ѕвезда на Арсенал и Манчестер Сити, а за што станува збор погледнете во продолжение….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни