Поврзете се со нас

Светски првенства

Бразилците останаа без селекторот и Петруш за СП во Египет

Објавено

на

Бразилската ракометна репрезентација се соочи со проблеми поради пандемијата со коронавирусот, па на Светското првенство во Египет ќе биде без еден од своите најдобри ракометари.

Се работи за членот на европскиот вицешампион Барселона, Тиагуш Петруш, кој имал позитивен тест на ковид-19 и поради тоа нема да настапува на ракометниот мундијал.

Информацијата ја потврди и Барселона, а единствено позитивно за Бразилците е што од седум позитивни тестови последните денови, само два се на ракометари.

Покрај Петруш, коронавирусот веројатно ќе го спречи настапот и на Леонардо Теркариол од Бенидорм, додека останатите петмина се членови на стручниот штаб, предводени од селекторот Маркус Тата Оливеира.

Само Тата и Петрус имале позитивен тест од вчерашното тестирање, додека преостанатите се позитивни од 6. јануари, односно во периодот во кој селекцијата се подготвуваше во Португалија.

Бразилците ќе бидат водени од двајца помошници на Оливеира, а јужноамериканската селекција во група ќе игра со Полска, Тунис и Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни