Поврзете се со нас

Германија

Бохум има специјалист за пенали, „фенерџијата“ го сруши лидерот во Бундеслигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Германската Бундеслига е специфично фудбалско натпреварување, шампионат во кој се возможни сите резултати и најдобра потврда за тоа е победата на најслабиот тим во лигата Бохум над актуелниот лидер Унион Берлин.

„Фенерцијата“ направи големо изненадување и славеше со 2-1 во меч во кој головите ги дадоа Хофман и Холтман, а своја улога имаше и голманот Ример. Ример покажа и потврди дека е специјалист за одбрана на пенали, па така денеска го скроти ударот на Пантовиќ во 77 минута.

Ова за него е трет одбранет пенал што најдобро говори за неговите способности.

Единствениот гол за гостите беше дело на Пантовиќ во 93 минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни