Поврзете се со нас

НБА

Богдановиќ со оригинален коментар за неверојатниот потег на Јокиќ: Ова се случува кога ќе ги стиснете сите копчиња на контролерот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ е топ тема во американската спортска јавност поради перфектните изданија кои ги имаше во финалната серија на Западот, но реакциите не стивнуваат и во Србија каде на големото се слави спектакуларното достигнување на „Џокерот“.

Јокиќ во свој стил скромно го прими МВП признанието и им се заблагодари на соиграчите за добро завршената работа против Лос Анџелес Лејкерс, па додека тој одбегнува да се стави во центарот на вниманието, неговите колеги го прават спротивното на социјалните мрежи.

Голем број кошаркари ги истакнаа неверојатните квалитети на Јокиќ во оваа финална серија против Лејкерс, но Богдан Богдановиќ го даде најоригиналниот коментар за неговиот најдобар потег во последната четвртина.

Јокиќ даде една неверојатна тројка преку Ентони Дејвис со звукот на сирената, а Богдан знае како да им успее ова и на другите….

– Ова се случува кога ќе ги стисните сите копчиња на контролерот во исто време!, – порача Богдановиќ, алудирајќи на скриените финти кои ги има на видео игрите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни