Поврзете се со нас

Свет

Бјелица заработи отказ во Трабзонспор, Барди и соиграчите ќе соработуваат со човекот кој ја донесе последната титула

Објавено

на

foto:twitter.com/Trabzonspor

Енис Барди беше на излезни врати од Трабзонспор на почетокот на изминатово лето, но откако остана во клубот, се претвори во стандарден стартер во ротацијата на Ненад Бјелица.

Хрватот веруваше во македонскиот репрезентативец и Енис уживаше во голема минутажа од стартот на сезоната, но ќе видиме дали тоа ќе остане така после денешната голема промена.

Трабзонспор ја информираше јавноста дека Бјелица повеќе не е тренер на првиот тим поради незадоволувачки резултати, а многу брзо пристигна вест и за неговата замена.

Клубот го врати лицето кое е добро познато во Трабзон, искусниот Абдула Авџи кој претходно работеше три години во првиот тим и кој ја донесе последната титула во домашното првенство.

Трабзонспор објави дека Авџи потпишал бланко договор без поставено времетраење на истиот, па во наредниот период ќе дознаеме каков ќе биде и статусот на Барди со повратникот во тимот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни