Поврзете се со нас

Англија

Бербатов не му дава шанси на Јунајтед на дербито со Челси

Објавено

на

Димитар Бербатов се обиде да го предвиди исходот на премиерлигашкото дерби меѓу Челси и Манчестер Јунајтед, а во својата колумна не му дава шанси за успех на својот поранешен клуб.

Јунајтед гостува во Лондон во ситуација кога загуби пет од последните седум средби во Премиер лигата и по отпуштањето на менаџерот Оле Гунар Солскјер.

– Бидејќи се работи за мој поранешен клуб, тешко ми е да прогнозирам против него.

– Челси игра неверојатно последните неколку недели, а формата ја потврди и со високата победа над Јувентус. Имаат одлична серија зад себе и типувам на Челси.

– Јунајтед пак зад себе има тешка недела и гостува во Лондон во најнезгоден момент, – вели Бербатов.

Иако се очекува Јунајтед да го постави Ралф Рангник како привремен менаџер, на дербито со Челси оваа функција повторно ќе ја извршува Мајкл Карик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни