Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Барселона пресилна за Нант и Лазаров, шпанскиот првак во финалето на ЛШ

Објавено

на

Барселона е втор финалист на фајнл-фор турнирот од ракометната Лига на шампиони и утре ќе игра во финалето во Келн.

Шпанскиот првак се покажа како преголем залак за Нант и нашиот капитен/селектор Кире Лазаров, па победи во второто полуфинале со 31:26.

На полувремето фаворитот водеше со 15:13, Нант одржуваше каква таква неизвесност до 23:20, но потоа следуваше серија од 3:0, со што Барселона обезбеди доволна предност за рутинска победа во дуелот со францускиот ривал.

Мем и Гомез со по 5 голови беа најефикасни во редовите на Барселона, додека кај Нант, Лазаров погоди 2 пати, додека најефикасен бил Ривера со 6 голови.

Во утрешното финале, Барселона ќе се бори за европската титула со Алборг, додека Нант ќе игра за третото место во француската пресметка со ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни