Поврзете се со нас

Италија

Балотели потпиша тригодишен договор: Подгответе се да го гледате како стрела во синиот и белиот дрес (Фото)

Објавено

на

Марио Балотели се уште е прилично млад за фудбалски услови и самиот верува дека може да ја врати кариерата во вистински колосек на 30 години, со тоа што се согласи да го има првото фудбалско искуство во Турција.

Популарниот „Супер Марио“ ова попладне и дефинитивно ставил потпис на тригодишен договор, што значи дека авантурата во Монца за него заврши доста неуспешно бидејќи тимот не обезбеди место во Серија А.

Адријано Галијани порача дека Монца е последна шанса за Балотели да си ја спаси кариерата, но напаѓачот сега одлучи својот спас да го бара во амбициозниот тим кој се врати во турската фудбалска елита.

Балотели потпиша тригодишен договор и си обезбеди добра финансиска гаранција за наредните три сезони, а воодушевени од трансферот се и водечките луѓе на Адана Демирспор.

– Денеска трансферот е официјализиран и испишана е историја во фудбалските читанки на Адана Демирспор со златни букви. Марио Балотели официјано потпиша тригодишен договор со нашиот клуб. Подгответе се, Супер Марио ќе стрела во синиот и белиот дрес!, – гласи најавата на турскиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни