Поврзете се со нас

Англија

Анри бил запрепастен кога првпат го видел Фабрегас: Фризурата ти беше ужасна, го прашав Венгер….

Објавено

на

Како шеснаесетгодишен тинејџер, Сеск Фабрегас направи трансфер од Барселона во Арсенал во 2003-та година, а играчот кој не делуваше физички подготвен за да се натпреварува во елитното друштво, подоцна се претвори во една вистинска легенда на Премиер лигата.

Фабре со текот на годините ја заслужи и капитенската лента во Арсенал пред да одлучи да се врати во матичната Барселона, но меѓу другите, еден од најдобрите соиграчи во кариерата му беше и неповторливиот Тјери Анри. Двајцата вчера водеа интересен меѓусебен разговор на Инстаграм, при кој популарниот „Тити“ му откри на Шпанецот дека навистина немал некое големо мислење за него кога првпат го видел на тренингот со првиот тим.

– Се сеќавам на твојот прв тренинг со нас. Имаше ужасна фризура, а во тоа време дресовите беа доста поголеми од сега, па на тебе изгледаше како да носиш фустан. Го погледнав шефот Венгер и го прашав „Кој е овој по ѓаволите“.

– Како по обичај, тој беше мирен и ми кажа дека си светски шампион до 17 години, а јас се подбивав и го прашав дали ова ќе биде неговиот најдобар голгетер. Те гледав во друштво на Патрик Виеира и Жилберто Силва и си реков дека немаш шанса. Но, кога почна да ја движиш топката, се се промени.

– Веднаш сфативме дека можеш да играш со нас. Луѓето сега сакаат да зборуваат за Де Брујн и Давид Силва, но ти си на нивно ниво, исклучително интелигентен играч. Ти си на врвот со нив, ми се допаѓаат интелигентни фудбалери со топката, а ти беше еден од најителнигентните со кои имам играно, – му порача Тјери на Фабрегас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни