Поврзете се со нас

Германија

Алонсо стави потпис на нов договор со „фармацевтите“ од Леверкузен: Ова патување продолжува (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/XabiAlonso

Шпанската фудбалска легенда, Чави Алонсо стави потпис на нов договор со бундеслигашот Баер Леверкузен.

Алонсо ги презема „фармацевтите“ во октомври минатата година и имаше одлични резултати, поточно ја одведе екипата до полуфиналето на Лига Европа и до шестото место во Бундеслигата што е успех ако се земе како тргна Баер во кампањата 2023/2024.

Со новиот договор Алонсо ќе остане во сегашната средина до 30 јуни 2026 година.

-Ова патување продолжува, -порача некогашниот ас на Реал, Баерн, Сосиедад и Ливерпул на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни