Поврзете се со нас

АТП

Алкарас се огласи за тежината на повредата по направената магнетна резонанца (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Карлос Алкарас се повреди рано утрово на турнирот во Рио де Жанеиро и мораше да предаде уште во вториот гејм, но сигналите кои ги остави посебно ги загрижија неговите фанови.

Шпанецот го свитка зглобот и со болни гримаси мораше да му предаде на Монтеиро, а веќе оваа вечер направил магнетна резонанца и ги добил извештаите од тестовите.

Алкарас заработил истегнување на лигаментот од втор степен и во случајот не станува збор за сериозна повреда, што значи дека Карлито брзо ќе може да се врати на терените и да се подготвува за турнејата на тврда подлога која ќе продолжи во Индијан Велс.

Претходно, Алкарас ќе одигра ревијален турнир и во Лас Вегас.

– Самошто направив магнетна резонанца на мојот зглоб. После средбата со мојот доктор и физиотерапевтите, дијагностицирано е истегнување од втор степен. Поради тоа ќе мора да одморам неколку дена! Се гледаме во Лас Вегас и Индијан Велс!, – порача Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни