Поврзете се со нас

АТП

Алкарас нема да смета на најважниот соработник на Аустралијан Опен

Објавено

на

Foto:twitter.com/NBOtoronto

Карлос Алкарас ја очекува новата сезона со амбиции да ги подобри постигнатите резултати во 2023 година, но на првиот голем турнир нема да смета на својот најважен соработник.

Шпанските медиуми денеска објавија дека тренерот на Алкарас, Хуан Карлос Фереро, морал да оди на оперативен зафат поради проблемите со коленото и сега го очекува период на мирување и рехабилитација.

Тоа подразбира дека Фереро нема да може да патува во Мелбурн и да биде заедно со Алкарас на Аустралијан Опен, првиот грен-слем турнир и во 2024 година.

Фереро периодов присуствува на тренинзите на својот сонародник, но очекувано нема да може да патува наредните неколку месеци.

Медиумите тврдат дека првиот турнир на кој Алкарас ќе може да смета на Фереро на трибините е Индијан Велс, кој е закажан во месец март.

Минатата година, самиот Алкарас го пропушти турнирот во Австралија поради повреда, па негов најдобар пласман останува тој од 2022 година, кога стигна до третото коло и загуби во пет сета од Матео Беретини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни