Поврзете се со нас

Италија

Агентот на Елмас за позицијата и вредноста на македонскиот бисер

Објавено

на

Елис Елмас го постигна голот за историската победа на Македонија во дуелот со Германија, а со своите настапи повторно го предизвика вниманието на европската фудбалска јавност.

Италијанските медиуми го контактирале неговиот агент, Џорџ Гарди, кој потенцираше дека проблем за Елмас во Наполи е што не игра на својата природна позиција.

– Елиф е мецала и сака да игра на левата страна. Тоа е улогата во која најмногу ужива, иако може да настапува на повеќе позиции, но не сакам таа негова предност да му се претвори во проблем.

– Кога дојде во Наполи имаше друг тренер (Карло Анчелоти), сега не игра на својата позиција во системот 4-2-3-1, иако секогаш има добри настапи.

– Мислам дека Наполи има бисер, млад фудбалер, еден од лидерите на националниот тим кој секога постигнува голови. Фудбалер како него вреди 30-40 милиони евра, – изјавил Гарди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни