Поврзете се со нас

Англија

Адамс со прогноза за дербито на „Енфилд Роуд“: Никогаш не сум бил посигурен…

Објавено

на

Ливерпул и Арсенал се соочуваат во дербито на колото во Премиер лигата, средба која е закажана за 17:30 часот на „Енфилд Роуд“.

Домаќините не се во посакувана форма, но сакаат победа со која би се одржале во живот за местата кои водат во ЛШ, додека пак „топчиите“ се на првата позиција и ако успеат да го преживеат ова тешко гостување тогаш ќе пратат нова јасна, голема порака дека немаат намера да го испуштат трофејот кој во овој момент е во нивните раце.

Тони Адамс долги години играше за Арсенал, беше и капитен на овој тим, па според него избраниците на Микел Артета сигурно ќе слават на гостувањето во Ливерпул.

-Поминаа повеќе од десет години од последната победа на Арсенал на „Енфилд Роуд“, но никогаш не сум посигурен во победа (Арсенал) како на денешниот меч. Го гледам ремито на Ливерпул со Челси пред некој ден и тие беа псолутен хаос. Како Челси не ги победи со десет гола, никогаш нема да знам. Тие беа насекаде и изгледаа како да не знаат што прават. Јас не знам каков тим ќе одбере Клоп денеска – ама мислам дека и тој нема повеќе идеја.

-Тој направи шест промени за Челси во однос на поразот со Манчестер Сити, но играчите што ги донесе не беа подобри од оние што ги изостави, па веројатно ќе мора да се врати на план А. Проблемот на Ливерпул во моментот е што никој од нив не испорачува. Тие имаа мала самодоверба, примаат голови и има пукнатини што сега се развиваат низ целиот тим. Главниот проблем е тоа што наместо како тим, тие играат како индивидуи. И тоа е само рецепт за катастрофа. Арсенал игра како правилен тим и Ливерпул играат сами за себе, -вели Адамс за „Сан“ притоа посочувајќи дека според него Клоп може да ја напушти менаџерската функција на крајот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни