Поврзете се со нас

Англија

Зинченко: Само Артета можеше да ме натера да го напуштам Сити

Објавено

на

foto: https://twitter.com/premierleague

Олександр Зинченко е еден од играчите со кои Арсенал се засили за оваа сезона, сезона која може да биде крунисана со пехар во Премиер лигата.

Зинчеко имаше добри настапи во Манчестер Сити и Пеп Гвардиола многу го ценеше Украинецот кој на крајот сепак реши да го наpушти шампионскиот тим на „граѓаните“ и да се пресели во Лондон и тоа поради една причина, менаџерот Микел Артета.

-Влијанието што го имаше и го има сега за мене големо. Реков многупати дека ако еден ден го напуштам Сити и останам во Премиер лигата, тоа ќе биде само за еден менаџер, тоа е Артета. Начинот на кој го гледа фудбалот, неговиот визија, карактер, тој е победник. Тоа најмногу ми се допаѓа кај луѓето. Тој ме познаваше како играч и личност кога ми се јави, имав неколку разговори пред да му се приклучам на Арсенал. М кажа што сака да види од мене, визијата на клубот, планот и стратегијата. Ми се допадна сè од тоа и затоа дојдов, -откри Зинченко за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни