Поврзете се со нас

Репрезентација

Здравковски во пресрет на мечот со Шпанија: Може да се очекува само едно, тоа е…

Објавено

на

Утре во терминот од 18:45 часот македонската репрезентација до 21 години ќе ги пречека врсниците од Шпанија во средбата од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Дуелот се игра на Националната арена „Тодор Проески“, улогата на фаворит ќе ја имаат гостите од Пиринеите, но избраниците на Благоја Милевски сметаат дека имаат квалитет, потенцијал да им ги замрсат сметките на Шпанците кои во ноември минатата година не победија со 3-0.

-Може да се очекува мотивирана Македонија. Тоа е обврска кон дресот што го носиме. Ќе дадеме сѐ од себе да ги исполниме задачите од селекторот и да бидеме дисциплинирани на теренот, -порача Давор Здравковски.

Изјава – Давор Здравковски

Македонската репрезентација до 21 години утре од 18:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува Шпанија во натпревар од квалификациите за ЕП. Davor Zdravkovski: „Може да се очекува мотивирана Македонија. Тоа е обврска кон дресот што го носиме. Ќе дадеме сѐ од себе да ги исполниме задачите од селекторот и да бидеме дисциплинирани на теренот…“#НапредМакедонија | #МКД

Gepostet von Фудбалска Репрезентација на Македонија am Mittwoch, 2. September 2020

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни