Поврзете се со нас

Балкан

Збогување со голема кошаркарска легенда: Мирко Новосел почина на 86-годишна возраст

Објавено

на

Хрватските медиуми утринава пренесоа дека на 86-годишна возраст починал Мирко Новосел, легендата на хрватската и југословенската кошарка.

Членот на кошаркарската Куќа на славни ќе остане запаметен како врвен кошаркар и тренер, кој ја направи Цибона важно клупско име на европската сцена во 80-те години од минатиот век.

По играчката кариера во Локомотива, која подоцна станува Цибона, како тренер го предводеше клубот од Загреб до многу трофеи на југословенската сцена, за подоцна да ја одведе Цибона до две европски титули.

Новосел постигнал многу успеси и како југословенски селектор, вклучувајќи ги олимпиското злато во Москва, среброто во Монтреал и бронзениот медал од ЛОИ во Лос Анџелес 1984 година.

Меѓу неговите селекторски успеси се и триумфот со Југославија на две европски првенства и среброто на СП во 1974 година, како и одличниот настап на Хрватска на Олимпијадата во Барселона во 1992 година, кога веќе екс-ју селекцијата стигна до финалето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни