Поврзете се со нас

Свет

Веспрем и Манасков пресилни за Татабања

Објавено

на

Веспрем без проблеми стигна до нова победа во унгарското првенство, овој пат победувајќи ја солидната Татабања со резултат 34:25.

Дејан Манасков и неговите соиграчи не дозволија ново изненадување по разочарувачката елиминација од ЛШ, па на домашен терен доминираа во дуелот со немоќната Татабања и ја остварија 25. победа сезонава.

Манасков постигнал 3 гола, а поефикасни од него биле Тонесен, Маргуч, Штрлек и Мае кои го завршиле дуелот со по 4 голови.

Унгарскиот репрезентативец Балог со 7 голови бил убедливо најдобар поединец во редовите на гостинската екипа.

Веспрем со само едно реми и без пораз останува лидер во унгарското првенство и има пет бодови повеќе во однос на Пик Сегед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни