Поврзете се со нас

Македонија

Вардар сигурен против Струга, Еурофарм ја прекина серијата на Металург

Објавено

на

Вардар и Еурофарм Пелистер обезбедија сигурни победи во ракометниот плејоф, со што актуелниот првак и натаму ја задржува предноста во однос на битолскиот ривал кога е во прашање битката за титулата.

Вардар славеше на гостувањето кај Струга со 22:32, рутински триумф најавен уште во првиот, а потврден во вториот дел.

Димитриоски со 11 голови бил најдобар поединец на натпреварот и во редовите на Вардар, додека Крстаноски и Пајковски реализирале по 6 погодоци во дресот на Струга.

Еурофарм Пелистер на домашен терен го победи Металург со 34:24 и ја прекина позитивната серија на скопскиот тим, а Бутел и Тинекс Пролет во скопската пресметка одиграа со резултат 26:26.

Охрид ја прекина серијата без победа и освои бодови со триумфот над вториот тим на Еурофарм со резултат 24:21 и ја намали негативата во однос на петтопласираниот Бутел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни