Поврзете се со нас

Боречки спортови

Усик ги одбрани шампионските појаси, но сите зборуваат за контроверзната одлука на судиите (Видео)

Објавено

на

Олександр Усик ги одбрани шампионските појаси во тешка категорија и успеа да го нокаутира Британецот Даниел Дубоа во деветтата рунда, но спектакуларната борба во Вроцлав за жал ќе се памети и по една спорна ситуација.

Легендариот Украинец доминираше добар дел од борбата, но сепак во петтата рунда неколку минути беше на подот, а повторените снимки покажуваа дека тоа се случи откако прими чист удар.

Дубоа го патосираше Усик со удар во пределот во стомакот, но судиите проценија дека тоа е недозволен низок удар и Британецот доби и казнени поени за овој потег.

Откако се рехабилитираше, украинскиот боксер повторно наметна свој ритам и во деветтата рунда го нокаутираше помладиот ривал со десно кроше, но тоа не значеше крај на контроверзите.

Дубоа беше бесен по крајот на борбата која се одржа пред 40 илјади фанови во Полска, па пред сите порача дека бил измамен од судиите и дека бил ограбен за победа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни