Свет
УЕФА ќе биде коорганизатор на „Златната топка“ и ќе го елиминира своето признание

Европската фудбалска федерација (УЕФА) официјално објави дека ги здружува силите со организаторите на признанието „Златна топка“ и во иднина ќе биде коорганизатор на истото.
Тоа значи дека во иднина нема да постои наградата за фудбалер на годината и други категории доделени самостојно од УЕФА, туку „Златната топка“ ќе биде единственото признание на европската сцена.
Организаторите најавија дека начинот на гласање ќе остане непроменет, но УЕФА ќе добие свој удел во комерцијалните права, промоцијата и организацијата на гала церемонијата, што е најава дека Париз веќе нема да биде единствен домаќин на истата.
Дополнително ќе бидат воведени и две нови признанија, за најдобар тренер во машка и женска конкуренција, а нема да има промена на имињата на досегашните награди доделувани во рамките на свеченоста на „Златната топка“.
Во минатото ваква соработка Французите воспоставија со ФИФА, но подоцна Светската фудбалска федерација се врати на самостојните годишни награди.
-
Шпанијапред 17 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 12 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Светпред 16 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 16 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 12 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Италијапред 14 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 17 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг
-
Германијапред 15 часа
Ѕвезди на Баер Леверкузен на тест по географија: Фримпонг киксираше на македонското знаме (Видео)