Поврзете се со нас

Англија

Тухел очекува летното да се претвори во зимско засилување: Сега е многу подобар

Објавено

на

Челси не погреши против Честерфилд и комплетираше неколку одлични дена во кои имаше Куп предизвици, по кои Томас Тухел реши посебно да издвои еден играч кој всушност е комплетно игнориран кога се во прашање најважните натпревари во Премиер лигата.

Саул Нигез пристигна како големо засилување од Атлетико Мадрид во последниот ден од летниот преоден рок, но по тешкиот старт на авантурата во Англија, на последните два меча против Тотенхем и Честерфилд конечно почна да покажува дел од својот раскошен квалитет поради кој беше и шпански репрезентативец.

Тухел е посебно задоволен од Шпанецот поради фактот што никогаш не се откажува и секогаш работи напорно за тимот, па откако го минал процесот на адаптација, верува дека ќе биде големо засилување во вториот дел од сезоната.

– Саул направи нов чекор напред, а тоа најмногу го направи на мечот со Тотенхем пред неколку дена во Карабао Купот. Саул врза два добри меча, има поголема самодоверба и се наоѓа во подобра форма.

– Сега е трпелив и тоа се чувствува на теренот, поотоврен е за соиграчите, разбира повеќе како играме и што е многу важно, се подобро го разбира јазикот. Се повеќе се вклопува и тоа е многу важно за мене. Сметам дека секој играч треба да биде подготвен за игра на секои три дена. Саул многу се подобри и очекувам да биде важен играч за нас во вториот дел од сезоната, – вели Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни