Поврзете се со нас

Германија

Тухел направи необичен потег кој не се памети во Баерн од времето на Ван Гал: Им се извинив на играчите по мечот

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен минимално го совлада Келн и се врати на првото место на табелата во Бундеслигата, а како по обичај, човек на одлука беше неверојатниот Хари Кејн.

Англискиот голгетер се покажува како перфектно засилување за германскиот шампион и тоа го покажува од коло во коло, но наспроти сите пофалби кои ги добива Кејн, овој меч ќе се памети и по потегот на Томас Тухел.

Тренерот на Баерн не изврши ниту една измена во текот на мечот и така стана првиот тренер на Баерн кој го направи тоа по Луи Ван Гал од 2010-та година, потег кој е уште понесфатлив ако се знае дека играчите дојдоа изморени од репрезентативни обврски.

– Едноставно е, немав ништо против било кој од момците на клупата, едноставно не сакав да го пореметам ритамот кој го имавме. Обично не правам вакви работи, па им се извинив на момците кои беа на клупата.

– Го контролиравме мечот многу добро и Чупо Мотинг беше добра врска за Хари Кејн денеска. Постојано мислев како да го внесам Милер во мечот, но на крајот решив да не го нарушувам ритамот кој го имавме. Немав намера да казнам никого, сите играчи на клупа заслужуваат да играат, им кажав што точно мислев, – изјави Тухел по победата од 0:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни