Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тухел го впери прстот кон виновникот за двата примени гола и заклучи: Го почувствуваме Реал на своја кожа!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел очекувано имаше измешани чувства по крајот на првото полуфинале меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид, бидејќи неговиот тим беше поактивен и создаде повеќе шанси за гол, но на крајот мораше за да се задоволи со 2:2.

Индивидуалните грешки во одбраната направија голем проблем за баварците и тоа ги оневозможи да отпатуваат со далеку подобар резултат на „Бернабеу“, а во својата анализа по мечот, тренерот на Баерн не пропушти да го посочи Ким Мин-Јаер како главен виновник за двата гола кои ги постигнат гостинот.

– Тој беше премногу амбициозен во двата случаи. Најпрво прерано направи потег во тркачкиот дуел со Винисиус и беше фатен на спиење од пасот на Крос. Ким калкулираше и беше прермногу агресивен, а потоа за вториот гол, повторно направи грешка. Бевме 5 против 2 во таа акција и се беше на наша страна во шеснаесетникот. Немаше потреба да се браниме агресивно од Родриго. Ерик беше тука да помогне, но Ким го собори Родриго и направи грешка. Бевме казнети за тоа, но сега мора да продолжиме напред.

– Имавме многу добри воведни 15 минути, имавме многу шанси и игравме флуидно. Тие создадоа само една шанса и веднаш постигнаа гол. Потоа се вративме и повторно бевме добри во второто полувреме, а имавме и шанси за 3:1. Тие повторно се вратија и од ништо стигнаа до 2:2. Го почувствувавме Реал на своја кожа. Ова го имаат направено со многу ривали, го направија и со нас.

– Се ќе се одлучува на „Бернабеу“. Според мене и натаму останува 50-50 за пласман во финалето. Секако дека верувам во успех, тоа е тешко гостување, но исто така и голем предизвик. Го заборавме овој меч и тргнуваме од нула, мора да бидеме храбри, фокусирани и клинички добри. Сега ситуацијата е јасна за нас, потребна ни е победа за да се најдеме во финалето на „Вембли“, – изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни