Поврзете се со нас

Конференциска лига

Трето полувреме во Норвешка: Бодо и Рома се обвинуваат меѓусебно за физички напад

Објавено

на

Бодо успеа да направи пресврт и да ја победи Рома во првиот четвртфинален дуел од Конференциската лига, а двата клуба дополнително ја подигнаа тензијата и по завршувањето на средбата.

Капитенот на „волчицата“, Лоренцо Пелегрини, по средбата ги обвинил домаќините дека се однесувале срамно, а и дека тренерот на Бодо Кјетил Кнутсен го нападнал Нуно Сантош, тренерот на голманите на италијанскиот клуб.

По ваквата изјава на Пелегрини, реагираше норвешкиот клуб кој ја обвини Рома дека манипулира со медиумите, објавувајќи лажни вести.

– Рома ги бомбардира медиумите со лажни информации за да го прикрие своето неспортско однесување. Бодо поседува видео од инцидентот во кој се гледа дека тренерот на голманите на Рома физички го напаѓа нашиот тренер Кнутсен.

– Виновникот го провоцираше и навредуваше нашиот тренер во текот на целиот натпревар, за што беа известени официјалните лица, а на видеото во сопственост на УЕФА се гледа кој е вистинскиот напаѓач, – велат од Бодо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни