Лига Европа
Трап по освоениот пехар во ЛЕ: Ова е подобро од секс

Бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт по долга пауза дојде до европски трофеј и тоа во Лига Европа каде во големото финале славеше над Ренџерс по изведувањето на удари од единаесет метри.
Еден од хероите на германскиот тим кој воедно беше прогласен и за играч на натпреварот беше голманот Кевин Трап кој одлично си ја заврши својата работа, имаше клучна интеревенција во завршницата на второто продолжение, а во пенал серијата го прочита Арон Ремзи и му овозможи на својот тим да слави во Севилја.
-Имавме чувство дека ова ќе се случи денеска, дека ќе победиме во ова финале. Во 2019 година загубивме драматично од Челси во полуфиналето, а оваа сезона имавме феноменална серија во Лига Европа. Едноставно го заслуживме. Работата се исплатеше и се покажа дека вреди. Можеби ова е карма, затоа што се враќаме дома со трофејот, -рече Трап кој потоа поентираше:
-Не знам дали се согласувате со мене, но освојувањето на овој трофеј е подобро од секс! Дефинитивно е нешто убаво како сексот. Но, дефинитивно мислам дека некои работи ќе се случат во следните неколку дена, -порача Кевин.
Инаку Германецот е оженет со една од најубавите, најпосакуваните жени на светот манекенката Изабел Гулар, па затоа оваа изјава на голманот на Франкурт привлече големо внимание.
-
Светпред 16 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 19 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Мото ГПпред 16 часа
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)